Конечно се договорија ВМРО, ВЛЕН И ЗНАМ Ова се новите министри во владата на Мицкоски

Македонија, Политика

Финишираат преговорите меѓу коалициските партнери за владината реконструкција.. Веќе се наѕираат и првите новопоставени министри во ресорите што беа предмет на преговори и за кои ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ пружија рака за договор.

Фокус веќе објави дека нов министер за здравство ќе биде актуелниот директор на ФЗОМ Сашо Клековски, а на негово место во Фондот доаѓа министерот за локална самоуправа Златко Перински. Тоа е така затоа што премиерот Христијан Мицкоски му го понудил тој ресор на Иван Стоиљковиќ кој го напушта Министерството за односи меѓу заедниците затоа што таму доаѓа кадар на ВРЕДИ, најверојатно Агон Ферати, дознава Фокус од високи партиски извори.

Расчистена е и дилемата со Правда, откако ЗНАМ, според информациите се согласиле да го отстапат ресорот во замена за Земјоделство. Во Правда, според сознанија на Фокус ќе седне универзитетскиот професор Јетон Шасивари, а во Земјоделство актуелниот државен секретар Борче Серафимовски. Дознаваме и дека има начелна согласност ЗНАМ како компензација да добие некое место од вториот ешалон, како и некое директорско место од јавните институции и претпријатија.

За Култура најверојатно ќе биде номиниран актуелниот заменик министер Седат Сулејмани. А, иако подолго време се шпекулираше дека сигурно ќе биде заменет во спорт останува Борко Ристовски.

Вечерва по состанокот на ИК на ВМРО ДПМНЕ се очекува Мицкоски да ги соопшти сите имиња за министри.