Од полноќ нови цени на горивата, најголема промена има кај дизелот

Дали Знаете, Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на бензините и на дизелот. Минатата недела беа намалени цените на сите видови горива. Еуросуперот БС-95 поевтини за 3,5 денари и се продава за 84 денари за литар, 98-цата се намали за 4 денари, и чини 86 денари за литар.

Најголема промена имаше кај дизелот, кој поевтини за 7 денари по литар и чини 80,5 денари.