Откако го продаде името, Пендаровски со нова „зелена“: Уставни измени за влез во ЕУ, шансата не смее да се пропушти

Македонија, Политика

Македонија се наоѓа пред можеби последната реална можност за членство во Европската Унија, а доколку ја пропушти актуелната геополитичка шанса, ризикува да остане на европската периферија заедно со државите кои со години тапкаат во место. На ова предупредува поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Според него, сегашниот интерес на Европската Унија за проширување е директно поврзан со руската инвазија врз Украина и без тој геостратешки фактор, Западен Балкан повторно би бил тргнат од агендата на Брисел.

„Ако денеска заврши војната, верувајте, никој нема да гледа кон Западен Балкан. Ова е итно од геостратешки аспект“, вели Пендаровски.

Тој потсети дека Македонија и Хрватска практично ги започнале европските процеси во ист период, но денес Загреб веќе повеќе од една деценија е дел од Европската Унија, додека Скопје сè уште е во чекалната.

Пендаровски оценува дека доколку земјава ја пропушти оваа можност, постои опасност да остане во групата држави кои се соочуваат со сериозни политички и институционални проблеми.

„Се плашам дека ќе останеме во групата на Босна и Херцеговина и Косово“, посочува тој.

Вели дека ќе се реактивира ако се создаде широка коалиција што ќе ја порази власта.