Празнична атмосфера во Костомар: Тоневски со честитка за Духовден

Македонија

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод големиот христијански празник Духовден го посети манастирот во Костомар, каде заедно со бројни верници присуствуваше на светата богослужба и ја сподели празничната радост.

По тој повод, Тоневски упати честитка до граѓаните, посакувајќи празникот на Светиот Дух да донесе мир, здравје, љубов и благосостојба во секој дом.

„Да ги чуваме верата и традицијата како темели на нашето општество“, порача градоначалникот.

Тој им го честиташе празникот на сите православни верници со желби за многу здравје, среќа и духовен мир, истакнувајќи го значењето на верските вредности и традицијата во зачувувањето на заедништвото и културниот идентитет.