Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – единствено давам поддршка за Уставните промени

Македонија, Политика

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите“, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на платформата „Икс“.

Да влеземе во тендер-коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега, порача Филипче.