Општина Битола: Започна поставувањето на пешачки семафори кај „Епинал“
На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ започнаа активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена за сообраќај, а така е во текот на целата година, освен за летниот распуст на училиштата.
Овој проект кој беше најавен конечно почнува да се реализира, а плоштадот кој се користи како паркинг простор ќе биде пешачка зона, односно нема да се паркираат возила.
Исто така во план е поставување на пешачки семафори и на преминот кај Камен мост, за што дополнително ќе информираме.
