Орце се предомисли – Кацаров е времено решение, следната недела ќе се избира нов директор на Универзална сала (видео)

Дали Знаете, Забава, СКОПЈЕ

По пропаднатиот оглас за директор на Универзална сала, за вршител на должност директор е назначен Миро Кацаров, кој функцијата ќе ја извршува привремено, до изборот на нов директор.

Во ексклузивно интервју за КУРИР, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објасни дека станува збор за времено решение, бидејќи претходниот директор останал без мандат, а институцијата не смеела да остане без раководство.

– Следната недела ќе биде распишан нов оглас и ги повикувам сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Ова е културна институција и многу ми е важно мислењето на граѓаните, изјави Ѓорѓиевски за КУРИР.

Тој посочи дека првиот оглас пропаднал, најверојатно поради недоволен интерес и недоволна јавна промоција на процесот.

Целосното интервју со Орце Ѓорѓиевски гледајте го утре, сабота (16.05.2026), од 10 часот на Јутјуб каналот на КУРИР.