ВЛЕН денеска станува единствена партија, конгрес во Скопје

Македонија

ВЛЕН денеска во Скопје на конгрес официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе прерасне во една партија.

Со новата организациска поставеност, копретседатели ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали.

Според најавите, новиот политички субјект ќе биде структуриран со пет потсекретаријати, при што ќе се задржи рамномерна застапеност на партиите што досега ја сочинуваа коалицијата.

Конгресот се одржува во македонската Филхармонија, со почеток во 17 часот, а по свечениот дел и обраќањата на лидерите и гостите, работниот дел е закажан за 19 часот и се очекува да трае до 21 часот.

Во пресрет на настанот, Меџити порача дека со обединувањето ВЛЕН ќе се зацврсти и ќе добие поголемо политичко влијание кај етничките Албанци во земјата.