Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на урбаната опрема низ градот
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, покрај тековните пролетни активности, спроведува и акција за замена на оштетените и дотраени штафни на парковските клупи низ градот. Целта на оваа активност е подобрување на урбаната опрема и создавање поудобни и поуредни јавни простори за граѓаните.
Од претпријатието информираат дека грижата за јавните површини е заедничка одговорност, при што упатуваат апел особено до младите да се однесуваат совесно и да го почитуваат местото во кое живеат.
„Само со заедничка грижа можеме да создадеме урбана средина која е чиста, уредена и зелена, каков што сакаме да биде Прилеп“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“.
