За денеска најавени врнежи од дожд – еве во кои делови од Македонија
Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи.
Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.
Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ветер. Температурата денеска ќе се движи од 7 до 25 степени Целзиусови на територија на државата. Во Скопје, од 12 до 24 степени Целзиусови.
