Проданоски најавува крај на неодговорното работење во јавните претпријатија во Прилеп

Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека времето на неодговорност во локалната самоуправа и јавните претпријатија завршува.

„Подготвени сме да се соочиме со секој предизвик, без разлика колку е тежок, бидејќи граѓаните заслужуваат чисти сметки и функционални услуги“, изјави Проданоски.

Тој додаде дека секој кој се огрешил пред законот и пред граѓаните ќе сноси одговорност, нагласувајќи дека транспарентноста и отчетноста ќе бидат главни принципи во работата на Општината.

 

Видеото може да го погледете тука