Амбасадата на САД ги повика своите граѓани во Албанија на будност поради закани од Иран

Балкан, Свет

Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групи поврзани со Иран би можеле да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија.

„Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или елементите на иранската опозиција во Албанија, објави 4news.mk Тие исто така може да ги таргетираат вообичаените локации, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Ги охрабруваме граѓаните на САД да бидат внимателни“, се вели во соопштението на амбасадата.

Амбасадата на САД им советуваше на своите граѓани во Албанија да бидат внимателни и да ги следат локалните медиуми.

„Бидете свесни за вашата околина и прегледајте ги вашите лични безбедносни планови и држете го мобилниот телефон наполнет во случај на вонредна состојба“, се вели во соопштението, меѓу другото, објави 4news.mk