Ново покачување на платите во образованието, познати сите детали?!

Дали Знаете, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави ново покачување на платите за вработените во образованието, кое изнесува речиси 7,5%. Со ова покачување, платите во овој сектор од формирањето на Владата во ноември 2024 година до денес се зголемени за околу 20 проценти.

– Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од колективниот договор што го имаме, и тоа за нови 7,5 проценти. Со тоа, од ноември 2024 година досега, за околу една и пол година, платите на вработените во образованието се зголемени за околу 20 проценти – изјави Мицкоски.

Владата со оваа мерка продолжува да го следи својот приоритет за поддршка на образованието и подобрување на условите за работа на наставниците и останатиот кадар во образовниот сектор.