„Запрев осум војни и спасив милиони животи“ – Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
Американскиот претседател Доналд Трамп упати серија самопофалби во однос на неговата улога во светската дипломатија, тврдејќи дека неговите заслуги за глобалниот мир се без преседан во историјата. Според него, тој сопрел неколку долгогодишни конфликти кои другите лидери ги сметале за нерешливи.
„Без разлика дали луѓето ме сакаат или не, јас решив осум големи војни, објави 4news.mk Некои од нив траеја по три децении. Спречив конфликти кои допрва требаше да почнат, како оној меѓу Индија и Пакистан, и тоа го направив брзо, без употреба на нуклеарно оружје“, изјави Трамп.
Претседателот не пропушти прилика повторно да го нападне својот претходник Барак Обама за неговата Нобелова награда за мир од 2009 година, нарекувајќи го „лош претседател“ кој го добил признанието без никаков труд. Трамп смета дека системот на наградување е неправеден и дека тој би требало да добие посебно признание за секоја поединечна војна што ја спречил.
Контраст со реалноста на теренот Иако Трамп тврди дека негов приоритет е спасувањето „десетици милиони животи“ и дека наградите не му се важни, неговите изјави доаѓаат во исклучително тензичен период, објави 4news.mk САД, заедно со Израел, веќе еден месец се во активен воен судир со Иран.
Она што започна како прецизни напади врз иранската нуклеарна и воена инфраструктура, веќе ескалираше во широк регионален конфликт. Нападите врз енергетските постројки и клучните поморски патишта продолжуваат, додека меѓународната заедница со загриженост следи дека дипломатско решение за овој последен конфликт сè уште нема на повидок.
