Заради името Македонија, Грција ја корегирала Меланија Трамп
Грчки медиуми објавија дека Амбасадата на Грција во Вашингтон интервенирала во врска со употребата на името на Македонија на настан организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп.
Според истите извори, Меланија Трамп, која потекнува од Словенија, на почетокот на јавниот настан го употребила името „Македонија“ додека му посакувала добредојде на премиерот Христијан Мицкоски, на кој присуствувала и неговата сопруга Рози Мицкоска.
Меѓутоа, по дипломатска реакција од грчката амбасада, во понатамошниот дел од настанот и во своите обраќања, Меланија Трамп го користела новото уставно име на државата.
Информацијата ја пренесуваат грчките медиуми, а засега нема официјална потврда од американска или македонска страна.
