аматерката

ДOБPO УТPO од Aмaтepкaтa

Добро утро

ВЛАДАТА СО НАВРЕДА КОН ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ – ГИ ПРЕИМЕНУВА ВО РЕДАРСКА СЛУЖБА

Од 16-ти август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна РЕДАРСКА СЛУЖБА заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Одлука на седница на Влада на РСМ!

Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци. На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет, што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.

Член 18 од Уставот на РСМ!

Според изреката: “Од два ѓаволи да го изберам посивиот”, несакам да помислам дека при донесување на оваа мерка сите членови на Влада не го прочитале Уставот на Републиката, а уште помалку дека свесно го прекршиле. Со оглед на тоа дека друго објаснување нема, логично е дека владата под “редарска служба” препознава полициски службеници од МВР, бидејќи единствено тие имаат право да идентификуваат граѓанин, а воедно да не се прекршени неговите загарантирани со Устав, човекови права и слободи.

Очигледно, Министерот за внатрешни работи не се ни обидел да го спречи ова понижување, туку придонел во донесувањето на оваа апсурдна мерка и свесно дозволил полициските службеници да ги именуваат како “редари” и тоа спротивно на Законот за полиција.

Ова се однесуваше на “посивиот ѓавол”, а доколку го изберам ” црниот ѓавол”, тоа би значело грубо кршење на Уставот, свесно или не, штетата е иста и недоволно писмени министри во Влада, незаинтересирани за општото добро и граѓаните. Од досегашното долгогодишно искуство од повеќе влади во РМ, повеќе од јасно е дека и оваа е суспектна на вирусот “криминал” и неговата уште поопасна мутација “криминален режим”!

Следува: вакцина 2 дози Спутник, па кислородна поддршка и на крај респиратор (донирани од Вучич). Шансите за преживување ги знаете!