Советот на Општина Битола во петок ќе расправа за завршната сметка за 2025 година
На седмата седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи во петок, советниците ќе расправаат за кварталниот извештај за извршување на Буџетот за четвртиот квартал од 2025 година, како и за завршната сметка на општината за изминатата година.
Пред членовите на Советот ќе се најде и годишниот извештај за работата на општината за 2025 година, како и одлуката за проширување на средствата на Буџетот за 2026 година.
Меѓу точките на дневниот ред е и одлуката за формирање координативно тело кое ќе ја следи имплементацијата на Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП) за периодот 2024–2030 година.
Советниците ќе дискутираат и за отпочнување на процесот на ажурирање на процената на загрозеноста на подрачјето на општината од сите ризици и опасности.
На седницата ќе се најдат и две одлуки за прифаќање донации, од кои едната се однесува на изградба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева и трибина, кое ќе биде лоцирано во рамките на стадионот Петар Милошевски стадион.
