ДРАМА СРЕДЕ СКОПЈЕ: Маж јадел неочекуван ќотек – еве што може да ве снајде ако земете сопруга многу помлада од вас
Скопјанец пријавил дека бил претепан од својата 9 години помлада сопруга. Од МВР информираа дека во најголемиот број случаи за семејно насилство жртви се жени, но регистриран е и случај во кој настрада маж.
Како што информираа од полицијата, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријавил дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветна пријава, потенцираат од МВР.
