24-годишник од скопско уапсен во Неготино поради криумчарење на мигранти од Египет

Македонија, Хроника

Вчера околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино го лишиле од слобода Р.М.(24) од село Студеничани, скопско.

Како што информираат од МВР, претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање, но тој не застанал и по преземени мерки возилото било присилно запрено.

Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени биле 10 лица мигранти од Египет.

„Mигрантите се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Додека, против возачот Р.М. е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и од судија на претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена“, посочија од МВР.