Ценовен шок во најава – Премиерот вели дека ќе реагира уште денес
Граѓаните стравуваат од поскапување на храната и превозот, откако се покачија цените на горивата. Премиерот ја смирува ситуацијата. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денес ќе одржи состаноци со претставници на ланците на супермаркети и хипермаркети, со цел да се спречи веднаш да се зголемат цените на производите.
– Сакам да разговарам со нив за да не се користи сегашниот притисок да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, без да преземеме ние како Влада други офанзивни мерки, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците на мало и на големо, а Владата ќе реагира според резултатите од тоа следење.
