Пристигнува време на невреме, денес не излегувајте без чадор

Времето денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од променлив правец.

Овие два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.