Февруари носи силен зимски бран – ветер, студ и снежни наноси низ Макдонија
ЗИМСКИ УДАР И ФЕВРУАР СТИГНАА ПРЕКУ НОЌ! Никаде не тргнувајте без опрема – еве какво е времето денес, не е наивно!
Овој временски систем е последица на многу силен циклон.
Синоќа времето беше облачно и студено, на некои места со слаб дожд, а еве какво време се очекува денес.
Во текот на денешниот ден ќе дува засилен источен и југоисточен ветер на планините се очекуваат и бурни налети на ветер до околу 80 км/ч.
Во пределите со снег, силниот ветер ќе предизвикува снежни наноси, вејавица и метеж.
Максималната температура денес ќе се движи од 0 до 4°C, во Скопје до 2°C. Поради силниот ветер, чувството на студ ќе биде уште поизразено, односно ќе изгледа како температурите да се пониски од измерените.
Се препорачува да не се тргнува без зимска опрема и да се внимава особено на патиштата, посебно кон јужните и источните делови на земјата.
Потребно е редовно да се следат известувањата од надлежните служби и да се постапува според нивните предупредувања.
Во понеделник се очекува ладен ден со температури главно под 0°C.
Од вторник следува значително потопло време.
