Тоневски присуствуваше на Светата Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир

Македонија

Во чест на денешниот празник посветен на Преподобен Гаврил Лесновски, во Лесновскиот манастир беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која присуствуваа голем број верници.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, посочи дека делото и духовното наследство на Гаврил Лесновски и денес претставуваат силна инспирација, потсетувајќи на значењето на молитвата, смирението и пожртвуваноста за доброто на ближните.

„Овој празник нè потсетува на вредностите кои треба да ги негуваме како заедница – меѓусебна почит, духовност и грижа еден за друг“, истакна Тоневски, упатувајќи честитка до сите верници со порака „За многу години празникот!“.