„Твитерџија“ сподели фотографија од новоизградена зграда во центарот на Скопје на која столбот не и е под прав агол
Во Скопје изминативе две години често низ социјалните мрежи се коментираат новнонастанитите архитектури низ општините. Најпознати иронично окарактеризирани се „центарската“, „чаирската“ и „битпазарската“ архитектура.
Така, вчера на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) повторно се појави една карактеристична градба на центарската архитектура. Судејќи според сликата која ја објави овој „твитерџија“, може да се забележи како на наовноизградена зграда, столбот како да накривнува малку повеќе.
Инаку, пред две недели, актуелно беше видео на кое можеше да се забележи како врз поткровјето на постоечка зграда кај Бит Пазар се доградуваат уште неколку ката.
Нашите згради се градат по најдобрите стандарди во градежништвото.
*Стандардите во центарот на Скопје* pic.twitter.com/QCiyV0USJN— 𝐑𝐚𝐠𝐧𝐚𝐫 𝐋𝐨𝐭𝐡𝐛𝐫𝐨𝐤 – ᚱᚨᚷᚾᚨᚱ ᛚᛟᛞᛒᚱᛟᚲ (@RLothbrokJr) January 27, 2026
