УХМР го вклучи алармот – следува голема промена на времето, објавена мапа

Времето денес, Македонија

Утре (26.01) во земјава ќе има врнежи од дожд, кои наместа, особено во централните и источните делови, ќе бидат пообилни. Дождовите ќе бидат проследени и со грмежи, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На повисоките места ќе има врнежи и од снег.

Според најавите, денес минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 11 степени. Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и температури од 6 до 10 степени.