Коњановски: Коледарскиот оган ги обединува генерациите во Буковски Ливади
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети коледарскиот оган во Буковски Ливади, настан кој, како што истакна, претставува жив доказ за зачувувањето на македонските обичаи и празничниот дух.

Коњановски нагласи дека ваквите собири се место каде што се негува заедништвото и се пренесуваат традициите од генерација на генерација, потсетувајќи на значењето на културното наследство и идентитетот.

Тој упати честитки по повод празникот, посакувајќи огнот на заедништвото да продолжи да гори и во иднина, а коледарската традиција да се зачува како дел од препознатливиот дух на Битола.
