Димитриеска – Кочоска: Е-фактурата го менува начинот на работење на компаниите

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ја претстави е-фактурата како клучна алатка во борбата против сивата економија и како значајна реформа во јавните финансии.

Според министерката, воведувањето на е-фактурата носи неколку значајни придобивки:

✔️ Намалување на административниот товар за фирмите

 

✔️ Поголема транспарентност во работењето

✔️ Пофер и поконкурентна економија

„Со дигитализација ги поедноставуваме процесите, ја намалуваме употребата на хартија и им овозможуваме на компаниите да се фокусираат повеќе на раст и развој“, истакна Димитриеска – Кочоска.

 

Министерката нагласи дека оваа реформа е дел од пошироката стратегија на Владата за модернизација на јавните финансии и поддршка на бизнис секторот преку иновативни дигитални решенија.