Драма во Скопје – масовна тепачка со опасни предмети меѓу две групи!
Физичко насилство и девијантно однесување се регистрирани во Скопје од страна на екипите на МВР, откако претходно загрижени граѓани го пријавиле настанот по нарушување на јавниот ред и мир.
– На 23.12.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(38) и М.С.(38) од една страна и М.Н.(49) и Б.Н.(44) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети, стои во полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
