Проданоски: Општината е дом и за најмладите
Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на општината, поставувајќи бројни интересни и искрени прашања, на кои градоначалникот одговараше низ пријатен и едукативен разговор.

Проданоски истакна дека ваквите средби се особено значајни, бидејќи ја поттикнуваат младата генерација да развива интерес за општествените процеси и институциите.
„На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е континуирано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив“, порача градоначалникот Проданоски.
