Битолски екипи интервенираат по поројни дождови во Брусник

Македонија, Политика

По обилните врнежи што го погодија селото Брусник, на 20 ноември 2025 година, екипите на ЈКП „Водовод Битола“, во соработка со Нискоградба и Комуналец, излегоа на терен за да ја санираат причинетата штета.

Со механизација и ангажирани работници се спроведуваа активности за навремено нормализирање на состојбата во населеното место.

Од надлежните информираат дека моментално ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со работа колку што е потребно за целосно да се отстранат последиците од обилните врнежи.