Битола: Механизација и работници на терен за нормализирање на состојбата во Брусник

Македонија, Политика

По интензивните дождови, во текот на денешниот ден, екипите на ЈКП “Водовод“ Битола, во соработка со “Нискоградба“ и “Комуналец“, излегоа на терен во село Брусник.

Со механизација и ангажирани работници се спроведуваше санација на штетите предизвикани од обилните врнежи, со цел навремено нормализирање на состојбата во населеното место.

Во моментов ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активностите во текот на целиот ден – онолку долго колку што е потребно.

 

Извор: bitola news