Македонија на мегдан со Данска во баражот за Мундијалот 2026

Дали Знаете, Спорт

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) предмалку беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓаше и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска.

Противник на Македонија во баражот, од првиот шешир е селекцијата на Данска. Доколку во полуфиналето Македонија ја елиминира Данска, во финалето за пласман ќе игра со подобриот од дуелот Република Ирска – Чешка.

Другите полуфинални двојки за европскиот бараж се:

Италија – Северна Ирска
Украина – Шведска
Турција – Романија
Велс – Босна и Херцеговина
Полска – Албанија
Словачка – Косово
Чешка – Република Ирска.

Ќе се играат две рунди: полуфинале (26 март 2026 година) и финале (31 март 2026 година).

Четирите победници ќе се пласираат на Светското првенство 2026 година.