Познатата скопјанка во посета на манастирот во кој се случуваат чуда – ова место зрачи со енергија
Поранешната манекенка Маја Глигоровска неодамна се врати од посета на едно свето место од каде сподели фотографии. Таа беше во посета на Манастирот Острог во Црна Гора , па овие моменти ги сподели со јавноста и сите ги изненади.
Таа беше да му се поклони на гробот на Свети Василија Острошки, а на својот Инстаграм објави и една снимка со која покажа што се случува пред манастирот во вечерните часови.
Имено, многу луѓе остануваат да ја поминат ноќта пред манастирот, така што и во текот на ноќта дворот е полн со луѓе. И бидејќи речиси секогаш има луѓе, а во конаците на манастирот нема место за сите, некои од нив преспиваат на самиот под, во ќебиња, но опкружени со посебна енергија со која едноставно зрачи ова место.
Повеќе од очигледно е дека Маја води сметка и за духовниот аспект од својот живот, но и дека беше импресионирана од ова место.
Потсетуваме, Маја е наша поранешна манекенка која и денес важи за една од најубавите жени од нашата јавна сцена.
Таа на социјалните мрежи редовно собира бројни комплименти на сметка на својот изглед, а така беше и неодамна кога со едно од своите последни Инстаграм изданија буквално ја „преврте игричката“.
