Граѓаните реагираат жестоко: Мециновиќ со лавина критики на интернет

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи, откако објави дека неговиот противкандидат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ наводно избегнувал јавна дебата.

Корисниците на социјалните мрежи масовно го обвинија Мециновиќ за манипулација и ширење невистини, нагласувајќи дека Ѓорѓиевски никогаш не одбил соочување. Дел од коментарите го нарекоа настапот на кандидатот на Левица „обид за политички поени преку дезинформации“ и „недоличен чекор за сериозен кандидат за градоначалник“.

Во јавноста се споделува и реакцијата од Телевизија Телма, која појасни дека Амар Мециновиќ не дошол на интервју, демантирајќи ги тврдењата на Апасиев. Со тоа, дополнително се засили незадоволството меѓу граѓаните кои побараа „повеќе чесност и транспарентност“ од кандидатите во кампањата.

 

.

.

.