Проданоски им оддаде почит на хероите од 11 Октомври во Прилеп

Македонија

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес по повод големиот државен празник 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, положи свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, како и на Могилата на непобедените.

Проданоски истакна дека со овој чин се оддава длабока почит кон хероите кои ја започнаа борбата за слобода и независност и ги поставија темелите на македонската државност.

„Нивната жртва и идеалите за слободна и достоинствена Македонија ќе останат трајно врежани во нашето сеќавање. Слава им и честит 11 Октомври! Да живее Република Македонија!“, порача Проданоски.