Орце Ѓорѓиевски: Драчево ќе ужива во најновите филмски хитови блиску до дома

Македонија, Политика

По две децении, Драчево повторно ќе добие свое кино, најави Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје. Најсовремената опрема веќе е готова, а првите проекции се очекуваат оваа есен во Домот на културата во Драчево.

Ѓорѓиевски истакна дека, покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе можат да уживаат во најновите филмски достигнувања и светските хитови блиску до својот дом. Со ова, жителите повеќе нема да мора да патуваат километри за да доживеат филмско искуство, а културата станува достапна, блиска и современа.

„Испишуваме ново поглавје, најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.