
ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Македонија влегува во нова Југославија
Претседателот Вyчиќ, кој е во дводневна посета на Скопје, ќе се сретне со премиерите Заев и Рама, во рамки на регионалната иницијатива за соработка, позната како „Мини Шeнгeн“.
Тој најави дека ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива, која досега беше позната како „мини-Шенген“. МКДенес ексклузивно дознава дека името на третата Југославија ќе биде „ЕВРОПСКИ БАЛКАН“ или „ЕБ“ како замена за ЕУ, а во таа полуконфедерација, покрај Македонија и Србија, влегува и Албанија.
Во втора фаза на проширување на најновата Југославија на Балканот планирано е да влезат Црна Гора и Босна, а трета фаза да се реши државниот статус на Косово и Република Српска, кои ќе добијат официјална државност и ќе бидат дел од таа полудржавна форма на уредување на Европски Балкан.
Тоа значи дека Албанците и Србите добиваат се што посакаа, а која цена ќе ја платат за ова Македонија и Црна Гора, останува да видиме. Особено цената за Босна останува отворено прашање.
Оваа полудржавна формација е планирано да стане дел од НАТО, како би се решило и српското прашање и конечна стабилизација на Балканот. Така Србија ќе го исполни сонот за „Сите Срби во една држава“, а Албанија ќе добие признаено Косово и од Србија и членство на новата држава во ООН. Србија во НАТО во овој момент звучи неверојатно, но за три години се ќе стане лесно видливо.
Српскиот претседател Вyчиќ како што рече, суштината е многу поважна од името на иницијативата, а тоа се трите договори што ќе бидат потпишани. За Вyчиќ посетата на Скопје е многу важна, посочувајќи ги притоа договорите што ќе бидат потпишани утре меѓу Србија, Македонија и Албанија. Дел од српските медиуми го споредуваат со Душан Велики, кој се прогласил за цар во Скопје. Сега пишуваат дека „царот“ Вyчиќ во Скопје, старата српска престолнина, ќе ја објави новата Југославија, која ќе биде повторно управувана од Белград. За кои договори всушност станува збор?
Едниот договор е всушност воспоставување на „царинска унија“ помеѓу трите држави, со што стануваат еден заеднички пазар и една заедничка економија, како прв чекор кон заедничка држава. Планиран е побрз проток на стоки и услуги меѓу трите земји;
Вториот договор е создавање на заеднички безбедносни институции за справување со кризи и природни катастрофи, како основа за идните заеднички одбранбени и полициски органи. Тоа значи заедничко дејствување по прашањето на природните катастрофи;
Третиот договор е за создавање заеднички пензиски и здравствен систем преку единствен пазар на труд, што подразбира укинување на работните дозволи. Тоа значи дека кој работи во Белград, може да работи и во Скопје и Тирана и обратно.
МНОГУ ВАЖНО: во Европскиот Балкан ќе бидат официјални три јазици, српски, македонски и албански. Никој не оспорува македонски јазик, како што прават Бугарите. Вучиќ најави и создавање на заеднички медиуми, за да се учат трите јазици. На почеток тоа ќе биде заеднички портал на три јазици, на кој ќе бидат претставени културно – историските вредности, како и информации за секоја земја.
Со тоа се поставени темелите на новата Трета Југославија на Балканот. Таа е во согласност со Букурешкиот договор и поделбата на Македонија, за што Бугарија и Грција немаат и не смеат да имаат забелешки. Не се познати само реакциите на Турција и Русија. Информациите говорат дека двете држави за сега даваат поддршка на овој проект, зашто со тоа се спечува ширењето на ЕУ на Балканот. Македонија се враќа во сферата на српското влијание и водство, надвор од европското.
Вyчиќ потенцираше дека е ужасно важно да се заврши оваа фаза од реализација на тој план.
„Сакам да верувам дека потоа ќе продолжиме со сите придобивки, за што подетално ќе разговараме утре“, кажа Вyчиќ.
Вyчиќ кажа дека веќе се водат разговори за изработка на „нови заеднички пасоши“, во оваа фаза како електронски персонализирани картички за сите граѓани од трите земји. Тие ќе работат преку мобилна апликација, што ќе овозможат различни придобивки. Тој додаде дека тоа ќе се направи во договор со компаниите, така што кога луѓето доаѓаат во Србија, Албанија и Македонија, да имаат попусти за билети за превоз, во хотели, ресторани, од пет или 10 отсто. Да се чувствуваат како рамноправни граѓани на една иста држава. Дали си во Скопје, Белград или Тирана, ти ги имаш истите права како Србите или Албанците.
„Сакаме да направиме брзи ленти. Кога ќе ги прошириме премините Прешево и Табановце, како и другите премини, ќе има брзи ленти за камиони, но и за автомобили, кои ќе можат да минуваат побрзо од некои други возила. Со ова креираме поинаква иднина“, кажа Вучиќ.
Тоа означува дека возилата на трите држави ќе се движат со посебен слободен режим, како да се во една иста држава. Возачките се признаени, а граничните премини ќе станат чиста формалност, како прв чекот кон тргање на границите и создавање на една територија.
Тој кажа и дека политички ќе придонесе за понатамошно консолидирање на мирот и поблиска соработка меѓу народите и ќе придонесе за стабилност за целиот регион.
„Идејата е заеднички да се направат планови за зелената агенда, како и да се привлечат заедно што е можно повеќе инвеститори“, нагласи Вучиќ.
Претседателот оцени дека оваа посета е многу важна за Србија, имајќи предвид дека 4.144 компании во Србија работат со Македонија, а 1.004 компании работат со Албанија. Од утре започнуваме да работиме заедно на единствениот пазар на труд, како и на взаемно прифаќање на академските квалификации – на градежниците, лекарите, стоматолозите и други професии, кои ќе бидат прифатени во сите три земји.
„Тоа ќе нè приближи, ќе ја зајакне нашата економија, ќе обезбедиме побрз раст и ќе го зголемиме животниот стандард на граѓаните. Ова е голем чекор кон иднината“, изјави Вyчиќ, новиот „Тито на Балканот“.