Изет Меџити со порака од Шуто Оризари: ВЛЕН ќе гради еднакво општество за сите

Македонија

Во Шуто Оризари вечерва официјално беше отворен новиот изборен штаб на ВЛЕН. Настанот, кој помина во атмосфера на ентузијазам, ја симболизира определбата на коалицијата за инклузивна и отворена политика.

„Шуто Оризари е најдобриот пример за соживот на различни култури и идентитети. Веруваме дека тоа треба да биде и нашиот пат – праведно и еднакво владеење за сите, без разлика. Секој глас е важен, а секој граѓанин заслужува еднакви можности и почит,“ изјави Изет Меџити.

Од ВЛЕН порачаа дека заедничката победа е најголема сила и мотив за понатамошно делување.