
За првпат во јавноста, виртуелната министерка од Албанија им се обрати на пратениците
Виртуелната министерка Дијела, облечена во традиционална народна носија, за прв пат се обрати во албанскиот парламент.
Нејзиниот ресор ќе биде „следењето на јавните трошоци и борбата против корупцијата“.„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам.
Точно е дека немам државјанство, но немам лични амбиции или интереси“, им рече Дијела на пратениците.
Додека, поставувањето на министер креиран од вештачка интелегенција за премиерот Еди Рама е врвно технолошко достигнување, за пратениците од опозицијата ова е обид на владата да ја прикрие постоечката корупција.