
ВЛЕН: Дваесет години власт на Османи – ниту еден проект за Чаир
ВЛЕН со остра критика за Бујар Османи, обвинувајќи го дека за 20 години политичка кариера не реализирал ниту еден проект за Чаир.
„Две децении Османи беше на највисоки државни функции, но ниту еден граѓанин на Чаир не почувствува поддршка или корист од неговата позиција. Денес гледаме само празни зборови и игри за власт“, стои во реакцијата.
Од ВЛЕН порачуваат дека Османи не е кандидат за Чаир, туку за сопствена кариера. „Тој бара поддршка од Чаир, но не за Чаир, туку за повторно враќање на власт. Ако навистина сака да дознае што е Чаир, нека прошета низ неговите улици и нека ја види вистинската состојба“, додаваат.
Во партиското соопштение се посочува дека граѓаните на Чаир повеќе не сакаат „кариеристи со празни ветувања“, туку конкретни резултати, работа и развој.
ВЛЕН исто така нагласува дека Османи дури ја исклучил и малобројната младина во ДУИ, користејќи ја само за партиски потреби. „Таа младина денес е масовно со Изет Меџити и ВЛЕН, затоа што тука гледа визија, перспектива и вистинска почит“, стои во соопштението.
„Чаир има потреба од вистински проекти и развој, а не од политичар кој две децении ја користеше оваа општина единствено како скала за лична кариера“, порачува ВЛЕН.