
Народната банка воведува тајни инспекции за да ги заштити граѓаните, објави 4NEWS.mk
На последната седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки со кои се зајакнува системот за заштита на потрошувачите и се воведуваат нови стандарди за транспарентност, фер практика и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните, објави 4NEWS.mk
Првата одлука предвидува банките да обезбедуваат јасни, точни и навремени информации за сите финансиски производи и услуги, особено пред склучување договори за кредити и депозити. Целта е потрошувачите да добијат целосен увид во придобивките, ризиците и трошоците што ги носи секој производ.
Втората одлука поставува стандарди за фер и транспарентен пристап во односите со клиентите и забранува нефер, измамнички и агресивни практики. Банките ќе мора да донесат интерни акти за обезбедување еднаков третман и недискриминација, вклучително и за лицата со попреченост, објави 4NEWS.mk
Со третата одлука се уредува системот за прием и разгледување на поплаки, со јасно дефинирани рокови за одговор и обврска за формирање посебна организациска единица или назначување лице задолжено за заштита на потрошувачите.
Четвртата одлука го регулира начинот на контрола од страна на Народната банка, која ќе опфаќа теренски, вонтеренски и т.н. „таинствени“ проверки, по примерот на европските практики.
Според Народната банка, овие мерки ќе придонесат за потранспарентна и пофер средина во финансискиот сектор, како и за поголема финансиска инклузија, објави 4NEWS.mk