
Возач на службено возило на „Здравствен дом“ – Берово фатен со дрога во Виница
На 14 август 2025 година, околу 22 часот, на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница, во координација со колегите од ПС Берово, лишиле од слобода 29-годишниот Б.Р. од Берово.
Како што информира МВР, по претходно добиени оперативни сознанија, полицијата го запрела возилото „Дација Сандеро“ со беровски регистарски таблички, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, кое го управувал осомничениот. При извршениот преглед, кај него биле пронајдени марихуана и ризла.
За случајот бил известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки возачот веднаш да биде лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.