Ајвар, локум и Пајдушко оро – Македонските извидници со мега настап за доминација во Португалија

Дали Знаете

Наши извидници беа во Португалија, каде учествуваа на настан кој се одржува на секои 4 години и е наменет за млади на возраст од 18 до 25 години, како и за извидници – волонтери постари од 25 години.

Познавајќи дел од извидниците и нивните инспиративни карактери, секогаш исполнети со свежи идеи, знаев дека сигурно имаат и некоја многу добра приказна за раскажување.
Разговаравме со Дарко Тошиќ од Извидничкиот одред „Еквинокс“ од Штип кој присуствуваше на настанот и кој од „прва рака“ ни раскажа како било таму.

Како се најдовте вие на настанот?

За многу од учесниците ова беше прво учество на ваков меѓународен собир, што само го направи искуството уште повредно. Да се најдеш помеѓу илјадници млади луѓе од различни делови на светот, кои делат исти идеи, ентузијазам и љубов кон природата, беше момент за паметење.

Присуството на македонските извидници на Светскиот извиднички мут (World Scout MOOT) 2025 во Португалија претставуваше исполнет сон за секој млад извидник!
Македонскиот контингент се состоеше од 31 учесник на возраст од 18 до 25 години, придружувани од еден водач и четворица волонтери. Волонтерите беа дел од Меѓународниот сервисен тим (IST) – волонтери задолжени за поддршка и реализација на активностите на терен. Некои од нив пристигнаа и пред официјалниот почеток на настанот, активно учествувајќи во подготовката на инфраструктурата и логистиката.
Настанот собра повеќе од 8.000 извидници од 114 земји, а нашето присуство беше дел од едно глобално семејство на млади со исти вредности, кои се поврзуваат преку духот на извидништвото.

Дел од настанот е и претставување на културите од каде што доаѓаат учесниците. Што најмногу им се допадна на другите учесници во однос на македонската култура?

Целта на настанот е размена на искуства, идеи и вештини помеѓу младите ширум светот. Нешто што навистина носи прекрасна енергија на овој настан е и претставување на културите и традициите на земјите учесници. Дефинитивно, македонската култура ги освои срцата на многумина!

Целото интервју може да го проследите на овој линк.