Ахмети: Јас резервна татковина немам – Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско

Македонија, Политика

Во контекст на 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека за него не постои „резервна татковина“, како и дека неговото срце и корени се длабоко поврзани со Македонија. Споменувајќи ги своите предци и нивното почивалиште во Кичевско, Ахмети ја потврди својата посветеност на единствената татковина и негираше било каква намера за поделба или поделени идентитети во државата.

„Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети по повод 24 годишнината на Охридскиот рамковен договор. Наспроти сите напади, сета пропаганда во минатите 24 години со која што бевте соочени, сакам да упатам јасна и недвосмислена изјава дека јас и Албанците, вчера, денес и утре, се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија, ниту повторно моја, ниту повторно твоја, туку секогаш наша Македонија“, вели Ахмети преку соопштението испратено до јавноста.