Најпознатиот Колумбиец во Македонија одново ги разнежни срцата – Јанко ја отпеа „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Сцена

Најпознатиот Колумбиец во Македонија, Јанко, привлече големо внимание од јавноста со видео каде што може да се слушне како ја пее „Македонско девојче“.

Никој не остана рамнодушен кога го слушна Јанко, кој воопшто нема балкански корени, како го пее овој познат хит. На овој млад човек, чиј татко е Колумбиец, а мајка му е Украинка, музиката му е во крвта, и речиси секое снимање што го прави со својот бенд „Вардаранди“ привлекува големо внимание од јавноста.

Во својата најнова објава, Јанко, свирејќи хармоника, покажа колку длабоко го чувствува македонскиот фолклор.

Во видеото, бендот ја изведува култната песна „Македонско девојче“, додека во салата каде што свират им се придружуваат танчерите од ансамблот „Танец“.

Целото видео може да го проследите на овој линк.