
Пороен дожд и грмежи – УХМР утрово со најнова прогноза
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне, ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност.
Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.