
Нема активни пожари – Апел за внимателност за Илинденските празници
Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), нема ниту еден активен пожар. Еден пожар е под контрола, а 12 изгаснати, информираат утрово надлежните.
Во скопската Општина Гази Баба беше изгаснат пожар во село Трубарево, каде што гореше отпад, изгаснат е и пожарот во Арачиново.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.