
ПОВЕЌЕ СОНЦЕ, НО НЕ И БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА Викендов во Македонија доаѓаат и врнежи и грмежи
Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ, за време на овој викенд (сабота и недела 2 и 3 август) во нашата Македонија краткотрајно ќе имаме постабилно и потопло време со повеќе сонце, а само изолирано ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и со појава на грмежи.
Што се донесува до температурите на воздухот, тие за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопскиот регион максималната температура викендов ќе се искачи до околу 35/36 степени. Исто така во нашата Македонија овој викенд повремено ќе засилува ветер од променлив правец.
Нова поголема дестабилизација на атмосферата со пороен дожд и грмежи во поголем дел од нашата Македонија ќе имаме во понеделник (3 август) кога температурите повторно ќе бидат во опаѓање.