
Имаме свежо, претежно облачно време во Македонија, локално врне и дожд!
Денешното утро во нашата Република Македонија (четврток 31 јули) донесе претежно облачно време во најголем дел од нашата Македонија, а и значително е посвежо со локални врнежи од дожд, проследени со изолирана појава на грмежи. Врнежите повеќе се застапени во јужните и во југоисточните предели.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22°C, а максимумот од 23 до 32°C.