(ВИДЕО) Деца си „играат“ со оган во струмичката гимназија – Што се случува со народот?

Хроника

Фејсбук страната „Струмица денес“ објави видео од дворот на струмичката гимназија, на кое се гледаат средношколци како палат оган во самиот двор на гимназијата.

„Деца во дворот на Струмичката гимназија си „играат“ со оган. Најверојатно не се свесни до каква катастрофа може да дојде. Некои родители сериозно треба да се запрашаат дали нивните деца се соодветно воспитани. Срамота!“, се вели во објавата.